Папата ја посети изложбата „100 јасли во Ватикан“

Папата ја посети изложбата „100 јасли во Ватикан“

Во понеделник 9 декември 2019 година попладне, на изненадување на поклонениците и туристите, папата Фрањо ја посети меѓународната изложба за јасли „100 Пештери во Ватикан“. Светиот Отец беше во придружба на монс. Рино Физикела, претседател на Пaпскиот совет за промоција на нова евангелизација, која е организатор на изложбата.

Папата ја разгледа изложбата, на која беа прикажани повеќе од 130 јасли од околу триесет земји, каде разговараше со уметниците и нивните семејства, потоа се помоли и го сподели благословот.

Четириесет и четвртото издание на изложба „100 Пештери во Ватикан“ е отворена до 12 јануари во салата „Пио Х“ во Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот