Папата ја затвори Синодата: Денес е време за милосрдие

Во ватиканската базилика Свети Петар, Неговата Светост служеше света Литургија со која ја затвори рабоатата на Синодата за семејства и ги повика синодските оци да го следат патот кој е посакуван од Господ

„Време е за милосрдие“. Папата Фрањо предупредува да се чуваме од онаа вера, „која не е вкоренета во животот на луѓето“. Во базилика Свети Петар, Неговата Светост ја отслужи завршната литургија за Синодата посветена на семејството, повикувајќи ги синодските оци да го следат „патот, посакуван од Господ“, кога никогаш не се оставаме да нѐ заблудат песимизмот и гревот“.

Зборот „милосрдие“ беше повторуван во неколку наврати во проповедта на Папата, со што тој потсети на Јубилејот, кој ќе биде отворен на 8 декември. Повикувајќи се на неделниот евангелски извадок во кој Исус го исцелува слепиот Вартимеј, папата Фрањо потсети дека „ситуациите на сиромаштво и конфликти, за Бог се повод за милосрдие. Денес е време за милосрдие“.

И денес учениците на Исус се повикани „да го врзат човекот со сострадателно милосрдие што спасува. Кога повикот на човештвото ќе биде, како кај Вартимеј, уште посилен, нема друг одговор, освен своите зборови и свеото срце да го поситоветиме со Исусовото. Затоа треба постојано да живееме во дух, кој е упатен кон другиот, бидејќи постои опасност соочени со постојаните проблеми, да одиме напред, без да бидеме вознемирени“:

„Можеме да одиме преку пустините на човештвото и да не гледаме реално, туку само она што ние би сакале да го видиме; способни сме да изградиме визија за светот, кога не го прифаќаме она што Господ го става пред нашите очи. Вера, која не е вкоренета во животот на луѓето, останува неплодородна и наместо оази, создава нови пустини“.

Папата зборуваше и за едно друго искушение – за „вера по план“, со што не гледаме директно во срцето на луѓето:

„Можеме да одиме заедно со Божјиот народ, но веќе си имаме наш план на движење, кој вклучува сè: знаеме каде одиме и колку време ни треба и сите треба да го почитуваат нашиот ритам и така секоја непријатност ни пречи“.

Треба да се потсетиме истакна Папата, дека „Исус сака да ги вклучи пред сè оние кои се на маргините и кои повикуваат кон Него“. Токму зборот „вклучување“ се среќаваше во работата на штотуку завршената Синода. Синодските оци, папата Фрањо ги потсети: „Ние одевме заедно. Но сега треба да се продолжи по патот кој е посакуван од Бога“. Да побараме од Него поглед, здрав и спасителен, кој може да шири светлина“(…). Затоа Божјата слава треба да се бара и гледа кај живиот човек, не препуштајќи се да нѐ совлада песимизмот и гревот“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот