Папата ја заврши Апостолската посета на Африка

Папата ја заврши Апостолската посета на Африка

Во вторник, 10 септември папата Фрањо го заврши своето 31. Апостолско патување надвор од Италија на кое од 4 до 10 септември посети три земји на југоистокот на Африка: Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус.

Пред да замине Папата служеше света Литургија во Апостолската нунцијатура, а потоа отиде до аеродромот во главниот град на Мадагаскар Антананариво, на аеродромот на Папата го пречека претседателот на Мадагаскар со сопругата и локалните епископи.

По кратката проштална свеченост во 9.37 часот според локално време односно 8.37 според средноевропско, авионот на Папата полета за Рим. Се очекува Папата на римскиот меѓунаоден аеродром Чампино да пристигне околу 19.00 часот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот