Папата: Ѓаконите се понизни слуги, а не делумни или од втор ред свештеници

Папата: Ѓаконите се понизни слуги, а не делумни или од втор ред свештеници

Среќавајќи се со трајните ѓакони на Римската бискупија, Папата истакна дека ѓаконатот може да ја надмине раната на клерикализмот, и ги поттикна да бидат добри татковци, мажи и дедовци затоа што тоа ќе пружи надеж на паровите во криза.

Не „делумни свештеници“ или свештеници од втор ред, туку добри сопружници и добри татковци, а најмногу служители на сите. Грижливи и понизни слуги затоа што жалосно е да видиш ѓакон кој сака да биде во центарот на светот – се каратеристиките со кои папата Фрањо ги опиша ѓаконите, потсетувајќи на Соборот кој повотрно ја истакна нивната вредност како служители на посветените со служењето на Божјиот народ. Токму служењето е задачата која Папата ја довери на трајните ѓакони на Римската бискупија кои ги прими во аудиенција на 19 јуни 2021 година. (…)

Ѓаконите се посветуваат токму на служењето на тој народ потсетувајќи дека во црковното тело никој не може да се издигне над останатите – рече Папата и додаде дека напротив во црквата треба да важи спротивната логика, логиката на спуштањето. И Исус се направи слуга на сите. Ако постои некој голем во Црквата тоа е Он кој се направи мал и слуга на сите. Сѐ тука започнува – напомена Папата, моќта е во служењето, а не во нешто друго. (…)

На крајот даде три кратки идеи кои не одат во насока на работите кои треба да се направат, туку во насока на димензијата која треба да се негува. Пред сѐ треба да бидат понизни. Жалосно е да видиш епископ и свештеник како се прават важни, но уште полошо е да видиш ѓакон кој сака да биде во центарот на светот! Нека целото добро кое го правите биде тајна помеѓу вас и Бог. Така ќе донесете плод – истакна Папата.

Потоа ги поттикна да бидат добри сопружници и добри татковци и дедовци. Тоа ќе даде утеха на паровите кои минуваат низ тешки моменти и кои во вашата вистинска едноставност ќе гледат испружена рака. Сѐ треба да правите радосно, без приговарање; тоа е сведоштво кое важи повеќе од голем број проповеди.

На крајот Папата сака ѓаконите да бидат утринска стража. Не само да знаете да ги препознаете далечните и сиромашните – тоа не е толку тешко, туку и да и помогнете на христијанската заедница да го воочи Исуса во сиромашните и далечните додека преку нив тој чука на нашата врата. Таа е пророчката димензија која им помага на другите да гледаат понатаму – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот