Папата: Човештвото има потреба од сведоци на Евангелието

Папата: Човештвото има потреба од сведоци на Евангелието

Денешниот свет, кој толку често е растргнат од насилство, алчност и рамнодушност има потреба од нашето сведоштво на евангелската порака за надеж во откупителската и помирувачката моќ на Божјата љубов – рече папата Фрањо на 27 април 2017 година, обраќајки се до членовите на Папската фондација, католичка организација која од 1988 година во име на Папата подржува проекти во целиот свет.

Светиот Отец се надева дека ова поклонение ќе им ја зајакне верата и надежта, дека ќе ги зацврсти во нивната задача во промовирањето на посланието на Црквата, помагајќи бројни верски и каритативни иницијативи, кои му се драги на Папата.

Папата Фрањо се заблагодари на присутните за нивната желба да помогнат на црковните настојувања во навестувањето на евангелската порака на надеж до краиштата на земјата и на нивната работа за духовен и материјален напредок на нашите браќа и сестри во целиот свет, посебно во земјите во развој.

Во согласност со волјата на Отецот, секој од нас како жив член на Телото Христово е повикан да го промовира единството и мироо во човечкото семејство и сите нејзини членови – нагласи Папата. На крајот ги поттикна присутните да молат за потребите на сиромашните, преобраќање на срцата, ширење на Евангелието и за раст на Црквата во светоста и мисионерскиот жар.

РВ/к.мк

 

Категорија: Uncategorized

За авторот