Папата: Човечкото тело не е место за задоволство

Папата: Човечкото тело не е место за задоволство

Човечкото тело не е средство за задоволство, туку место на нашиот повик за љубов, а во вистинската љубов нема простор за похота и површност.

За да се живее во брак не е доволно да се венчаш, потребно е да преминеш од ЈАС до НИЕ – рече папата Фрањо во катехезата во текот на Генералната аудиенција, која се одржа на плоштадот Свети Петар на 31 октомври 2018 година. Зборувајќи повторно за шестата Божја заповед „Не греши блудно“ истакна дека верната Христова љубов е светло за да ја живееме убавината на човечките чувствува. Имено, нашата чувствителна димензија е повик на љубов. Тоа е многу важно. Како се покажува љубовта? Во верноста, прифаќањето и милосрдието.

Не смееме да заборавиме дека таа заповед се однесува изрично на брачната верност, затоа е убаво подобро да се размисли за нејзиното брачно значање – рече Папата и напомена: Делот од Светото Писмо, од Посланието на свети Павле до Ефесјаните (Ефесјаните 5, 25.28.31-32) е револционерен! Да се размислува во антропологијата на тоа време и да каже дека мажот мора да ја сака жената како што Христос ја сака Црквата, тоа е револуција! Можеби во тоа време таа била најреволционерната работа која била кажана за бракот. Секогаш на патот на љубовта можеме да се прашуваме: кому е упатена таа заповед за верноста? Само на сопружниците? Всушност, таа заповед е дадена на сите; тоа е татковски Божји збор упатен до секој маж и жена.

Да се сетиме дека патот на човечката зрелост е токму патот на љубовта кој оди од примањето на грижа до способноста за пружење грижа, од примањето на животот до способноста за дарување на животот – рече Светиот Отец и продолжи: Да се стане возрасни мажи и жени значи да се живее однесувајќи се како сопружници и родители, што се покажува во различни животни прилики како што е способноста да се земе на себе товарот на некој друг и да се љуби недвосмислено. Па, тоа е општиот став на човекот кој знае да ја прифати реалноста и знае да влезе во длабок однос со другите.

Кој е тогаш прељубник, похотлив и неверник? – праша папата Фрањо и одговори: Тоа е незрела личност која за себе го држи својот живот и ги толкува ситуациите врз основа на сопствената корист и задоволства. Затоа за да влезете во брак не е доволно само да се венчате! Потребно е да одите по патот од ЈАС до НИЕ, од размислувањето како самец до размислувањето за двајцата, од животот на самец до животот за двајца. Тоа е убав пат! Кога ќе престанеме да бидем фокусирани на самите себе, тогаш секој чин станува свршенички; работиме, зборуваме, одлучуваме, ги среќаваме другите со ставот на прифаќањето и дарувањето.

Секој христијански повик во таа смисла е свршенички – рече Папата и објасни: Свештенството исто така затоа што е повик во Христос и во Црквата да се служи на заедницата со својата љубов, со реалната грижа и мудроста која Господ ја дарува. На Црквата не ѝ требаат кандидати за улогата свештеник, подобро да останат дома; ѝ требаат луѓе на кои Светиот Дух им го допрел срцето со безусловната љубов кон Христовата Свршеница. Во свештенството Божјиот народ се љуби со целото татковство, со целата нежност и со силата на свршеник и татко. Така и посветената девственост во Христос се живее верно и радосно како свршенички однос на мајчинството и татковството.

Секој христијански повик е свршенички затоа што е плод на врската на љубовта во која сите повторно сме родени, врската на љубовта со Христос, како што нѐ потсети делот од Посланието на свети Павле кое го прочитавме на почеткот – рече Светиот Отец и додаде: Појдувајќи од неговата верност, нежноста и великодушноста ние гледаме со вера на бракот и на секој повик и ја сфаќаме полната смисла на сексуалноста.

Човечкото битие во своето неразделно единство на духот и на телото, и во својата поделеност на машко и женско, е многу добра реалност, одредена да љуби и да биде љубена. Човечкото тело не е средство за задоволство, туку место на нашиот повик за љубов, а во вистинската љубов нема простор за похота и површност. Мажите и жени заслужуваат многу повеќе од тоа! Па, заповедта: „Не прељубодејствувај“ иако во негативен облик, нѐ насочува кон нашиот изворен повик, односно кон брачната љубов која Христос ни ја објави и дарува (Римјаните 12, 1) – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот