Папата: Христијанскиот живот е секојдневна борба

Папата: Христијанскиот живот е секојдневна борба

Христијанскиот живот без искушенија не е христијански, туку агностичен и идеолошки. Кој се нарекува христијанин е повикан да се бори постојано – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта на 19 јануари 2017 година.

Таа секојдневна борба на христијанинот е против силите на злото, кои водат по погрешен пат до „царството“ издигнато од сатаната. „Исус дојде за да ги разруши силите на злото во нашите срца, за да ја уништи сатаната! – истакна Папата во проповедта и додаде: За да го уништи нејзиното влијание во нашите срца. Од нас зависи, затоа да се бориме секојдневно, како што вели свети Павле за да победиме, за да го разрушиме царството на злото,“ рече Папата.

Во проповедта Папата го коментираше литургискиот евангелскиот дел, кој зборува за големото мноштво народ, кои доаѓаа од сите краишта, кои го следат со ентузијазам Месијата (Мк 3, 7-12). Меѓу нив има болни, кои бараа исцеление, но исто така и луѓе „на кои им се допаѓа да го слушаат Исус, затоа што не зборува како закониците, а зборува со власт, а тоа го допира срцето.“ „Тој народ – рече Папата – доаѓа спонтано, не ги водат со автобуси, како што се прави денес. Тие луѓе доаѓаат затоа што чувствуваат нешто, и дури го принудуваат Исус да се качи на еден кораб и да се оддалечи од брегот.“

„Тие луѓе кај Исус ли одеа? Да! Имаа ли потреба? Да! Некои беа љубопитни, но се аскети и се малцинство. Народот го привлекува Отецот: небесниот Отец е Тој Кој го привлекува народот кај Исус. До таков степен што Исус не останува рамнодушен, како статичен учител, кој го изложува своето учење, а после тоа си ги мие рацете. Не! Тој народ го допре срцето на Исус. Самото Евангелие ни вели: Исус се смилува зашто го виде тој народ како овци без пастир, рече Папата.

Тоа е доказ дека не се проповедите и аргументите тие кои го поттикнуваат народот да Го следи Исус, туку Небесниот Отец е Оној Кој преку Светиот Дух го привлекува народот кон Исус. Од друга страна – рече Папата – „интересно е што тој евангелски извадок од евангелистот Марко, во кој се говори за Исус, за народот, за ентузијазмот и за љубовта на Господ, завршува со нечистите духови кои кога ќе Го видат викаат со висок глас: „Ти си Син Божји!“

Сепак, „тоа е вистината, таа е реалноста, кои што секој од нас ги чувствува кога се приближува до Исус. Небесниот Отец го привлекува народот до Исус, додека злодухот се обидува да го уништи, рече Папата. „Нечистите духови го бараат за да Го попречуваат, војуваат помеѓу себе. Некој може да каже: „Оче, јас сум ревен католик, одам секогаш на Литургија, и никогаш ги немам овие искушенија.“ Моли се – ќе му одговорам јас – затоа што си на погрешен пат“, рече Папата:

„Христијанскиот живот без искушенија, не е навистина христијански: тој е идеолошки, агностичен, но не е христијански. Кога Небесниот Отец го привлекува народот кон Исус, има друг кој го привлекува во спротивна насока и создава една внатрешна борба. Затоа свети Павле вели дека христијанскиот живот е како една борба: една секојдневна борба.“

Затоа – рече Папата – „пред верниците стои изборот: или дозволуваш да бидеш привлечен кон Исус од Небесниот Отец или ќе кажеш „јас останувам спокоен, во мир.“ Ако сакаш да одиш напред – повика Папата– треба да се бориш! Да го чувствуваш, срцето кое се бори, за да победи Исус.“

Папата ја заврши проповедта со серија прашања, кои секој од нас треба да си ги постави:

„Да размислиме за нашето срце: дали ја чувствувам таа борба во моето срце? Помеѓу комотноста и служењето на другите, помеѓу забавата и молитвата, меѓу едно и друго нешто, дали ја чувствувам таа борба? Верувам ли, дека мојот живот го допира срцето на Исус? Нека секој од нас се загледа во своето срце и направи проценка за неговата ситуација. Да ја побараме од Господ благодата, да бидеме христијани кои умеат да го препознаваат она што се случува во нивното срце и да го избираат добриот пат, по кој Небесниот Отец нѐ привлекува кон Исус.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот