Папата: Христијаните да бидат сведоци на вистинската праведност

Папата: Христијаните да бидат сведоци на вистинската праведност

Во петок на 18 јануари започнува Молитвената осмина за единство на христијаните во чиј фокус е вистинската праведност и поддршката на најслабите.

На крајот од аудиенцијата која се одржа во средата на 16 јануари 2018 година, папата Фрањо го спомна почетокот на Молитвената осмина за единство на христијаните, која секоја година се одржува од 18 до 25 јануари и ги повика сите верници да се вклучат. Во петок, со славење на Вечерната во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, започнува Молитвената осмина за единство за христијаните на тема „Стреми се за правдата“ – рече Папата.

И оваа година сме повикани да се молиме сите христијани повторно да бидат само едно семејство, доследни на волјата на Бог кој сака „сите да бидат едно.“ Екуменизмот не е некој додаток. Намерата е остварување на заедничко и усогласено сведоштво во потврдувањето на вистинската праведност и во поддршката на најслабите и тоа преку конкретни, примерни и ефикасни одговори – истакна Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот