Папата Фрањо: Mиграцијата е предизвик, милосрдието е одговор

„Мигрантите и бегалците се предизвик. Одговор на Евангелието на милосрдието“. Тоа е темата која ја избра папата Фрањо за 102-тиот Светски ден на мигрантите и бегалците. Тој ќе се одбележи на 17 јануари 2016, точно во времето на Јубилејот на милосрдието.

Во соопштението објавено од Папскиот совет за пасторална грижа на мигрантите и бегалците се наведува дека „вниманието кон мигрантите и нивната положба не може да биде сведено на еден единствен ден. Изборот на оваа тема се вклопува во контекст на претстојната Јубилејната година на милосрдието, прогласена од папата Фрањо.“

Во соопштението се наведува дека избраната тема истакнува два аспекта: првиот – драматичната ситуација на толку мажи, жени и деца, народи, принудени да ги напуштат своите домови. Документот нагласува дека тоа е реалноста која треба да нѐ предизвика и да ја скрши бариерата на доминантната рамнодушност. Вториот аспект на темата е, каков е одговорот на светот, особено на Црквата за тешката состојба на мигрантите. Папата ги повика христијаните да се замислат за време на претстојната јубилејна година за тоа како, со физичко и духовно милосрдие, можат гостопримливо да ги прифатат мигрантите.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот