Папата Фрањо ќе ја посети Монголија

Папата Фрањо ќе ја посети Монголија

Папата Фрањо ја прифати поканата на претседателот на Монголија и локалните црковни власти и ќе ја посети источноазиската земја од 31 август до 4 септември 2023 година.

Папата Фрањо на крајот на летото ќе ја посети Монголија. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни:

„Прифаќајќи ја поканата на претседателот на Монголија и на црковните власти на земјата“, се вели во соопштението на Бруни, „папата Фрањо ќе појде на Апостолско патување во Монголија од 31 август до 4 септември оваа година“.

Во соопштението директорот на Канцеларијата за печат прецизира дека програмата на посетата и дополнителни детали ќе бидат соопштени во наредните недели.

Многу поскаувано патување

Говорејќи пред новинарите кои патуваа со него на повратниот лет за Рим од неговото Апостолско патување во Унгарија и подоцна за време на аудиенција со претставници на ИТА Ервејс, Светиот Отец го изрази својот план во блиска иднина да ја посети Монголија.

Пред да отпатува во источноазиската земја, која се граничи со Русија, Кина и Казахстан, папата ќе патува во Португалија од 1 до 6 август на Светскиот ден на млади, каде што ќе го посети главниот град Лисабон и по втор пат ќе го посети светилиштето во Фатима.

За време на последниот конзисториум за именување нови кардинали во август 2022 година, папата Фрањо го именува за кардинал монсињор Џорџо Маренго, апостолски префект на главниот град на Монголија Улан Батор, прв кардинал во земјата.

Во цела Монголија има помалку од 1.500 католици.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот