Папата Фрањо ја прими нобеловката Надија Мурад

Папата Фрањо ја прими нобеловката Надија Мурад

Јазидската активистка за човекови права и специјален комесар на ОН за борба против трговија со луѓе и за кривични постапки против злосторствата на ИСИЛ, Надија Мурад (28) во четвртокот, на 26 август 2021 година, повторно се сретна со папата Фрањо.

Папата веќе неколкупати се сретна со нобеловката Мурад, последен пат во март оваа година, примајќи ја во приватна аудиенција. Канцеларијата за печат при Светиот Престол не соопшти детали од последната средба.

Ирачанката беше заробена од терористичката милиција Исламска држава во 2014 година. По бегството од ропство, успеа да стигне до Германија и како комесар на ОН, започна борба против трговијата со луѓе и гонење на терористите на ИСИЛ. Во 2018 година, таа ја подели Нобеловата награда за мир со конгоанскиот гинеколог Денис Муквеге за посебни услуги во борбата против масовното силување како оружје во војната и вооружените конфликти.

Мурад во 2017 година ја објави книгата „Последната девојка“ која на Папата остави длабок впечаток. Книгата ја опишува трагичната судбина на Јазидите, а според зборовите на Папата, „ужасните работи”, кој ги прочита беше една од главните причини поради што одлучи да го посети Ирак во март оваа година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот