Папата Фрањо ја прими малата Фијамета, девојчето „кое го раздвижи светот“

Папата Фрањо ја прими малата Фијамета, девојчето „кое го раздвижи светот“

Папата Фрањо ја запозна Фијамета Мелис која со нејзниот татко и мајка дојде од Трентино да му ја раскаже својата приказна: Ограничувањата на пандемијата која ја принудува наставата да ја следи на далечина, ги претворила во креативна и среќна прилика да продолжи да му помага на својот татко кој е пастир, да расте во запознавањето на природата и во сето тоа ги вклучува своите другари од училиште.

Фијамета е возбудена и не може да зборува, а потоа нејзиниот татко Масимилијано Мелис со потекло од Сардинија, но заљубен во Доломитите, зема збор за да ја раскаже приказната за долго сонуваната средба, она со Папата. Фијамета на почетокот на октомври му напиша писмо на папата Фрањо. Му раскажа дека е среќна што може да се поти на отворено и на ладно. Не само што му ја доверува желбата за да го запознае, туку и му предлага да ги охрабри сите деца да не се плашат, никогаш да не се обесхрабарат. После една недела стигнува телефонски повик: „Јадев во дрвената колиба на пасиштето – се присетува господинот Мелис, кога телефонот заѕвонил. Се јавувам и личноста ми вели: Не плашете се, Ви се јавувам од Ватикан, ова не е шега. Го примивме писмото и ако вам ви се допаѓа, папата Фрањо ве повикува.“

Десетгодишното девојче запишано во основно училиште во местото Мецоломбарди во Трентино стана позната по фотографијата која ја направи нејзиниот татко, а која ја прикажува Фијамета додека ја следи наставата на далечина, совршено интегрирана и среќна во планините меѓу козите кои пасат околу неа. Станува збор за пасиштето Вал ди Соле, местото каде Максимилијано ги води козите на пасиште. Имаме животни, а природата отсекогаш ја воодушевувала, ни рече во телефонскиот разговор веднаш по аудиенцијата. „Зборовите на папата Фрањо за создавањето, неговите хомилии, Фијамета секогаш ги слушала со големо внимание.“ Интересно беше прашањето на Папата: „Што направи Фијамета, што му го пренесе на светот својот начин на постоење? Ти си како вашите кози… одиш слободно во планините. Ти си многу среќно дете!“ Папата Фрањо исто така  вети дека ќе оди таму, да ја побара во планините на Трентино.

Таткото на девојчето не зборува гласно, сѐ уште тешко верува како и неговата ќерка, но потоа со ѕвонлив глас раскажува речиси сѐ во еден здив: „Папата ѝ рече на Фијамета: Вчера го сретнав Бајден, претседателот на САД, денес индискиот премиер, а сега на ред е тебе која си принцеза на семејството… а потоа ја прегрна. Би сакал сите да го доживеат тоа искуство, се чувствував како да сум со своето семејство!“

Животот на Фијамета е ваков: животни, милување, пасиште, па учење, пишување, компјутер и домашна задача. Ги познава училишните тајни толку колку различните места во планините каде може да ги пронајде своите животни. Тајната помеѓу Папата и девојчето е книгата која Фијамета ја напиша и ја подари на Папата во која ја раскажува својата приказна. (…)

Фијамета Мелис како и многу деца на нејзина возраст не може да посетуваат настава лице во лице и затоа мора да користат учење на далечина. Но, нејзиниот случај е малку поинаков: нејзиниот татко, роден на Сардинија и поранешен градежен работник, одгледува 350 автохтони, но и сардиниски кози, а нејзината мајка е здравствен работник и не може да ја поведе својата ќерка со себе. Единственото решение затоа е Фијамета да ги следи часовите кај тато среде пасиште: „Наутро вели девојчето – го ставам компјутерот на рамна маса, а јас седам на столчето до неа. (…)

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот