Папата Фрањо ја посети изложбата „Ходочастие на руската уметност“

Папата Фрањо ја посети изложбата „Ходочастие на руската уметност“

Изложбата „Ходочастие на руската уметност – од Дионизиј до Маљевич“ е поставена во колонадата на Карло Велики на плоштадот Свети Петар, а ќе биде отворена до 16 февруари 2019 година.

На 27 ноември претпладне Папата ја посети оваа изложба, а беше придружуван од директорката на Ватиканските музеи, Барбара Јата и Зелфира Трефулова, директорка на московската галерија Третјаков.

Со спомнатата изложба, отворена на 20 ноември завршува серијалот започнат со изложбата „Вечниот Рим“, поставена токму во Галеријата Третјаков во Москва, на преминот од 2016 во 2017 година. Во таа прилика Ватиканската пинакотека посебно изнајми 42 уметнички дела од постојаната колекција, а сега галеријата од Москва одговори со испраќање на 54 уметнички дела од кои некои доаѓаат од други руски музеи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот