Папата Фрањо: Што правам за украинскиот народ? Секој нека си одговори во срцето

Папата Фрањо: Што правам за украинскиот народ? Секој нека си одговори во срцето

По молитвата Ангел Господов во недела 19 јуни 2022 година, Папата ги охрабри сите луѓе да се запрашаат дали се блиски и солидарни со измачениот украински народ кој страда. Покрај тоа, тој ја повика меѓународната заедница да не го заборави населението во Мјанмар, да обезбеди основна хуманитарна помош и повика конфликтот да не ги вмешува местата за богослужба, болниците и училиштата.

Папата упати уште еден апел за Украина, откако ги поздрави групите поклоници на плоштадот Свети Петар,

И да не го заборавиме измачениот украински народ во овој момент, луѓето кои страдаат. Би сакал во сите вас да остане прашањето: што правам денес за украинскиот народ?

По неколку секунди, како да сакаше да поттикне испит на совеста на целиот свет, додаде: Дали молма? Дали се ангажирам? Дали се обидувам да разберам? Што правам денес за украинскиот народ? Секој нека си одговори во своето срце.

Папата Фрањо, исто така, ги насочи своите мисли кон Мјанмар за да ја истакне болката на бројните луѓе. Од Мјанмар сè уште доаѓа крикот на болка на многу луѓе на кои им недостига основна хуманитарна помош и кои се принудени да го напуштат својот дом затоа што бил запален или за да избегаат од насилство – рече Светиот Отец и упати апел во заедништво со локалната Црква.

Се приклучувам на апелот на бискупите на таа сакана земја да не се заборави населението во Мјанмар, да се почитува човечкото достоинство и правото на живот, како и местата за богослужба, болниците и училиштата и ја благослови заедницата на Мјанмар во Италија чии претставници денес се тука – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот