Папата Фрањо: Христијанинот не се навестува самиот себе, туку Господ

Христијанинот не се навестува самиот себе, туку Господ – истакна Папата во проповедта на светата Литургија на 24 јуни во капелата на домот Света Марта, зборувајќи за повикот на свети Иван Крстител „најголемиот меѓу пророците“.

Да se подготви доаѓањето на Господ; да го препознаеш Господ и да се смалуваш за да може Он да расте, беа главните составни делови на повикот на свети Иван Крстител, пример за секој христијанин. Свети Иван Крстител несебично го подготвува доаѓањето на Господ. Бил важен човек, народот го барал и го следел бидејќи зборувал за човечкото срце. Не се сметал за важен, туку на прашањето „дали тој е Месијата“ одговара дека е „само глас“; дека дојде да го подготви патот на Господ; во тоа бил првиот повик на свети Иван Крстител – рече Светиот Отец осврнувајќи се потоа на вториот повик на свети Иван.

Бил повикан во мноштвото да го препознае Господ. Духот му го објавува, а тој храбро тврди: „Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот“. Учениците со погледот го придружувале тој човек. А ден подоцна, Иван одлучно го вели истото: „Овој е Тој. Поголем од мене.“ Тогаш учениците тргнуваат по Него. Отварајќи пат за Господ, Иван зборува: По мене иде Еден… а кога Господ се појави, Иван Го препознава и одлучно тврди: „Овој е Кој стои пред мене!“ – рече папата Фрањо.

Зборувајќи пак за третиот повик на свети Иван Крстител, Папата истакна дека Иван штом Го препозна Господ, започна да се повлекува, да се смалува. „Он треба да расте, а јас да се смалувам:“ зад мене, пред мене, одделен од мене. Господ со своето однесување го изненади свети Иван, затоа во затворот се прашувал: Дали е Тој? Да не згрешив? ? А бидејќи бил Божји човек, своите ученици ги испратил да го прашаат Исус: Дали навистина си Ти, или мораме друг да чекаме? – објасни Папата.

Двојно е понижувањето на Иван: понижување заради насилна смрт, но и поради мракот во душата. Знаел да го чека Господ, да го препознае во мноштвото, а сега го гледа како далечен. Ветувањето се одалечило, Иван останува сам: во темнина, понижен. Останува сам бидејќи се понижи за да расте Господ– рече Папата повторувајќи ги Ивановите повици.

Да подготвиш, да препознаеш, смалувајќи се самиот себе за да овозможиш растење на Господ: а тоа е повикот и на секој вистински христијанин, бидејќи вистинскиот христијанин не се навестува самиот себе, Го навестува Другиот и Него – Господ – подготвувајќи го патот. Христијанинот треба да разликува; да знае како да ја разбере вистината од привидноста; треба да биде човек на разбирањето и да знае да се понизи за да може во човечкото срце и душа да расте Господ – заврши Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот