Папата Фрањо упати писмо до либанскиот народ: Не губете надеж во мирот

Папата Фрањо упати писмо до либанскиот народ: Не губете надеж во мирот

Папата Фрањо по повод празникот Божиќ испрати писмо до антиохиско маронитскиот патријарх Бехари Бутрос Раи во кое на Либан му изрази близина и охрабрување. Погледнете ја величественоста на вашите кедри, пишува Папата нека ви помогне повторно да ги откриете корените на заедничкиот живот за повотрно да бидете солидарен народ.

Искрена тага се наѕира од писмото кое папата Фрањо го испрати до либанскиот народ по повод празникот Божиќ. Жалост заради трпењето и вознемиреноста кои ја гушат вродената смелост, виталност и надежта на Либан– како што пишува, да живее во мир, да продолжи да биде пример и порака на слободата за целиот свет и сведок на добриот заеднички живот. А јас кој искрено учествувам во секое ваше задоволство како и во секоја ваша болка во срцето ја чувствувам сериозноста на вашите загуби.

Преку Вас сакам – пишува папата Фрањо до Неговото Блаженство кардиналот Бехари Бутрос Раи, антиохиско маронитски патријарх и претседател на Собранието на католички патријарси и епископи – на сите Либанци без оглед на заедницата и верската припадност да упатам неколку зборови на утеха и охрабрување по повод славењето на Раѓањето на нашиот Господ Исус Христос Кнезот на мирот. Папата се осврна на големиот број млади кои се помалку гледаат перспектива за подобра иднина. Наведувајќи ги зборовите на пророкот Исаија, истакнува дека негува надеж во сигурноста дека Провидноста нема никогаш да го напушти Либан и ќе знае и таа тага да ја сврти на добро.

Вдахнувајќи се од либанската кедар карактеристична за Либан и заради својата величественост, кој е симбол на отпорноста, постојаноста и заштитата во Библијата, Папата го поттикна либанскиот народ да ја искористи длабочината на своите корени на заедничкиот живот за повотрно да биде солидарен народ и за повторно да го откри својот идентитет кој во целиот свет го шири мирисот на почитта, заедничкиот живот и плурализмот; сон за убав и среќна земја.

Обраќајќи им се на политичките и верските водачи упатува апел секое свое ангажирање да го насочат на барањето на јавниот интерес. Вашето време не е наменето за вашите најдобри интереси и вашата работа не е за вас, туку за државата и нацијата која ја претставувате – напоменува Папата. (…)

Писмото на Папата пристигнува во Либан измачен од долгата политичка криза и серијата атентати кои ја потресоа земјата. (…) Либан на 4 август го погоди голема двојна експлозија една од најсилните во историјата, која се случи во главниот град Бејрут.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот