Папата Фрањо: Тагата не треба да се отфрли, туку да се сфати

Папата Фрањо: Тагата не треба да се отфрли, туку да се сфати

На Генералната аудиенција, Папата продолжи со размислувањето за расудувањето и во катехезата се осврна на аспектот кој се однесува на чувствата, на тагата, искуство кое сите го почувствувале во животот; може да ги обесхрабри оние кои сакаат да го наследуваат Евангелието и да прават добро, но ниту едно искушение нема да ја надмине нашата сила.

Бог зборува во срцето; затоа расудувањето не е само работа на умот, туку содржи и емоционални аспекти како чувствата, духовна сувост на која папата Фрањо ја посвети катехезата на Генералната аудиенција во среда, на 26 октомври 2022 година. За што станува збор? – праша Светиот Отец и за да објасни ги цитираше зборовите на свети Игнатиј Лојолски. Тоа е „замраченост на душата, внатрешен немир, потрага по ниски и земски работи, немир предизвикан од разни возбудувања и искушенија кои нè поттикнуваат на недоверба, без надеж, без љубов, целата душа се чувствува мрзелива, млака, тажна и како разделена од Создателот својот Господ“ (СВ. ИГНАТИЈ Л., Духовни вежби 317)

Духовна сувост, општо искуство

Верувам дека сите на некој начин сме искусиле духовна сувост – напомена Папата и рече, но можеби сите не знаеме да ја толкуваме, затоа што и таа има нешто важно да ни каже, заради тоа не треба да ја изгубиме. Никој не сака да биде очаен, тажен. Сите би сакале живот кој секогаш е радосен, весел и исполнет со задоволство. Но тоа, освен што не е возможно – затоа што не е можно, не би ниту било добро за нас. Имено промената во животот ориентирана кон пороците може да започне од постојана тага, грижа на совеста заради она што не е направено.

Грижата на совеста може да доведе до промена

Убава е етимологијата на изразот „грижа на совеста“ затоа што тоа буквално е „совест која гризе“, која не дава мир – рече Папата и истакна дека Алесандро Манцони, во својата книга „Свршеници“, на убав начин го опишува познатиот разговор помеѓу кардиналот Федерико Боромеа и Безимениот. Последниот откако поминал страшна ноќ мажен од грижата на совеста, кардиналот го пречекува како да е носител на добри вести. „Кажете ми вие, ако знаете која е таа добра вест“, вели Безимениот, кардиналот му одговара: „Дека Бог го допре Вашето срце и сака Вас да ве направи свој.“

Важно е да научиме да ја читаме тагата. (…) Во нашето време, најмногу се смета за негативна, како зло кое треба да се избегнува по секоја цена, додека напротив може да биде незаменливо ѕвоно за будење во животот, кое нè поттикнува да истражиме побогати и поплодни предели кои минливоста и бегството не ги дозволуваат. Свети Тома тагата ја дефинира како болка на душата; како нерви на телото, таа буди внимание на можна опасност или занемарено добро. Затоа е премногу потребна за нашето здравје.

За оние кои сакаат да прават добро, тагата е пречка

Меѓутоа, поинаку е за оние кои сакаат да прават добро; во тој случај тагата е пречка со која искушувачот сака да нè обесхрабри – објасни римскиот бискуп. Тогаш не треба да одиме по неа, туку треба да делуваме токму спротивно од она што ни се сугерира, одлучни да продолжиме со она што сме имале намера да го направиме.

Тука мислиме на работа, на учење, на молитва, преземена обврска; ако ги напуштиме штом почувствуваме досада или тага, никогаш нема ништо да довршиме – истакна Папата. И тоа е општо искуство во духовниот живот – рече, пат кон доброто, се потсетува во Евангелието, влегувањето е и стрмно, бара борба, победа над самиот себе. Ќе започнам да молам или ќе се посветам на некое добро дело и чудно, токму тогаш ми доаѓаат во мислите работите кои треба итно да ги завршам. Сите го имаме тоа искуство. За оние кои сакаат да Му служат на Господ, важно е да не дозволат да ги води растаженоста.

Да знаеме да ја надминеме духовната сувост ни дава да растеме

Во моментот на жалост – додаде Папата, многумина одлучуваат да се откажат од донесените одлуки, но пред тоа не застануваат за да ја протолкуваат таа состојба на душата. Мудрото правило вели дека не се прават промени кога си тажен – потсети и го даде примерот на Исус кој како што читаме во Евангелието, одлучно го отфрла искушението кое исчезнува пред неговата цврста одлука да ја изврши волјата на Отецот.

Ако знаеме отворено и свесно да поминеме низ осаменоста и тагата, од тоа можеме да излеземе зацврстени од човечки и духовен аспект. Ниту едно искушение не е над нашите сили. Но, да не бегаме од искушението: треба да видиме што значи тоа искушение, што значи тоа што си тажен, зошто сум тажен? Што значи тоа што во овој момент сум во духовна сувост и не можам понатаму? Оди напред – е поттикот на папата Фрањо. Ако денес не успееме да го победиме искушението, одиме понатаму, утре ќе го победиме. Нека Господ ве благослови на тој пат на духовниот живот кој значи секогаш да се оди – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот