Папата Фрањо: Солидарноста е одговорот во овој клучен момент

Папата Фрањо: Солидарноста е одговорот во овој клучен момент

Папата Фрањо испрати порака до Националната федерација на фармери во Италија (Coldiretti), нагласувајќи дека логиката на служењето, а не на профит е „глобален одговор“ на кризата предизвикана од пандемијата.

Пораката на Папата, потпишана од државниот секретар на Ватикан кардинал Паролин, е можност да се посочи патот, кој се смета за најправеден и да се преиспитаодносот помеѓу човекот, природата и Создателот како фактор на длабока рамнотежа и заедништво во барање не на логиката на профит, туку служењето, не експлоатација на ресурсите, туку грижа и внимание на природата како гостопримлив дом за сите.

Папата Фрањо поттикна „да се пронајдат нови патишта, со милосрдие и солидарност, за да се даде глобален и вистински одговор на сиромаштијата и нееднаквоста меѓу луѓето, посебно во оваа клучна фаза од светската историја.

Папата ја повика Дева Марија да се застапува и да измоли изобилство небесни дарови.

На крајот папата Фрањо на присутните и нивните семејства го подели својот апостолски благослов со желба за мир и добро за празникот Рождество Христово.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот