Папата Фрањо се сретна со Едит Брук

Папата Фрањо се сретна со Едит Брук

На денот на сеќањето на Холокаустот, папата Фрањо се сретна со Едит Брук, авторка и унгарска еврејка која го преживеала Аушвиц.

Папата Фрањо се сретна со Едит Брук, авторка и унгарска еврејка која го преживеала Аушвиц. Разговорот кој траел еден час, полн со топлина и почит, се одржа во четврток 27 јануари 2022 година во попладневните часови.

Во соопштението од Канцеларијата на Светиот Престол стои дека средбата, на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, се одржа во Домот Света Марта.

Папата изразил желба да се сретне со неа откако го прочитал нејзиното интервју во „L’Osservatore Romano“ по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Во соопштението се вели дека папата Фрањо и 90. годишната авторка се фокусирале на „непроценливата вредност на пренесувањето на сеќавањето на минатото на младите генерации, вклучително и најболните аспекти, за да се избегнат исти такви трагедии“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот