Папата Фрањо се сретна со децата во Заводот „Блажен Ладислав Батјани-Стратман“

Папата Фрањо се сретна со децата во Заводот „Блажен Ладислав Батјани-Стратман“

На вториот ден од своето Апостолско патување во Унгарија, во сабота, 29 април 2023 година, папата Фрањо се сретна со штитениците на заводот „Блажен Ладислав Батијани-Стратман“ во Будимпешта.

Светиот Отец ги посети децата откако приватно служеше света Литургија во нунцијатурата. По пристигнувањето во социјалната установа која вклучува градинка, основно училиште и дом за слепи деца првата точка на програмата беше средбата со децата.

Директорот на Институтот, Ѓерѓ Инотај, му посака добредојде, молејќи ја на латински молитвата: Господи, направи ме орудие на твојот мир.

По кратката обиколка на просториите, Папата присуствуваше на концерт на кој беа изведени дела од унгарски композитори. Потоа накратко и се обрати на присутните и им се заблагодари на децата што му приредија топло добредојде во нивниот дом.

Потоа Светиот Отец му се заблагодари на директорот Инотај што средбата ја започна со молитва за мир, која ја нарече програма за живот. Тој истакна дека свети Фрањо бараше милост за она што не можеше да го направи сам.

Тој нагласи дека не треба да се бега од реалноста, туку со одење во неа таква каква што е да се носи напред.

„Тоа е чисто Евангелие“, рече Светиот Отец и додаде дека на Исус би му било полесно да се фати за идеите и идеологиите и да ги спроведе „без да ја земе предвид реалноста“. Меѓутоа, евангелскиот начин, Исусовиот пат, е патот на реалноста, рече Папата.

По средбата со слепите и децата со пречки во развојот, Светиот Отец се упати кон црквата Света Елизабета Унгарска каде се сретна со бегалците и сиромашните. Притоа накратко застана да поздрави околу 100 деца и млади од парохијата Света Ладислава кои пееја покрај улицата. Тие беа придружувани од неколку жители од тој дел на градот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот