Папата Фрањо се сретна со делегација на движењето „Лаудато си“

Папата Фрањо се сретна со делегација на движењето „Лаудато си“

Претставниците на Движењето „Лаудато си“ разговараа со папата Фрањо за својата мисија во Црквата.

Летото се приближува кон крајот, а работните аудиенција на папата Фрањо започнаа повторно да се одржуваат во Ватикан. Меѓу состаноците што се одржаа во четвртокот 26 август 2021 година е со седумчлена делегација на Движењето „Лаудато си“.

Во 2015 година, 17 католички организации и 12 академски институции и невладини организации од сите континенти го создадоа Меѓународното католичко движење за климата, чија цел беше да се подигне свеста на верниците за предизвиците наведени во социјалната енциклика на папата Фрањо за грижа за заедничкиот дом, која беше објавена истата година. Кон крајот на јули оваа година, здружението го преименува движењето во „Лаудато си“, кое денес вклучува повеќе од 800 организации. Главната форма на активности се периодични курсеви за продлабочување на енцикликата, чии посетители стануваат „аниматори на Лаудато си“ и со тоа ширители на нејзините вредности во нивните места на живеење.

Лорна Голд, претседателка на Управниот одборот на Движењето, зборуваше во интервју за Ватиакн њуз за аудиенцијата кај папата Фрањо. Според неа, се разговарало за состојбата на животната средина, итните предизвици, задачите на новото движење во Црквата. Споделувајќи ги своите размислувања за влијанието што може да го има енцикликата „Лаудато си“ врз секој од нас во борбата со климатските промени, таа го истакна својот апел да се слуша плачот на созданијата и сиромашните, слушајќи што треба да се стори за „да работиме за промени“.

Според неа, може да се направат многу промени, почнувајќи од сопственото семејство: да се намалат емисиите, да се направи селектиран избор на производи и стоки, да се сменат одредени навики. Многу повеќе може да се направи како заедница. „Во Лаудато си“, папата Фрањо пишува дека ни е потребно преобраќање, но и преобраќање како заедница и тоа е многу важно“, рече Лорна Голд, бидејќи за да се направат потребните промени, неопходно е да работиме заедно за да донесеме промени и на политичко ниво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот