Папата Фрањо се моли за Чарли и неговите родители

Папата Фрањо се моли за Чарли и неговите родители

„Папата Фрањо се моли за Чарли и за неговите родители, и во овој момент на големо страдање се соживува со нив“ – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке.

„Папата Фрањо се моли за Чарли и за неговите родители, и во овој момент на големо страдање се соживува со нив“ – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке, по веста дека родителите на Чарли се повлекуваат од барањето својот син да го однесат во САД за таму да го подложат на експериментално лекување. Завршниот збор од правната битка ја објавија родителите на детето, на 24 јули 2017 година, за време на сослушувањето на Високиот суд во Лондон.

„Светиот Отец бара да се обединиме во молитвата за да можеме да ја најдеме утехата во Божјата љубов“ – рече Бурке. „Овие последни денови ќе ги поминеме со Чарли, кој нема да ја заврши својата прва година од животот – што се навршува за две недели.“ „Длабоко сме ожалостени заради тоа што не успеавме да те спасиме, но многу те сакаме и ќе продолжиме и во иднина“ – рекоа Крис и Кони низ солзи.

Тоа е настан кој го покренаа многумина и го трогна светот, со толку посредувања, меѓу кои и тоа на папата Фрањо, со многу протести и манифестации на социјалните мрежи и по трговските центри, како и со молитвите на Чарли да му се даде можност за живот.

Тука се и интервенциите на политичарите, меѓу кои и на американскиот претседател Доналд Трамп, а после тоа и на американскиот Конгрес, кој на малиот Чарли и неговите родители им даде дозвола за постојан престој во САД.

Сега и родителите се откажаа од понатамошна правна битка. Сите овие месеци бараа начин да го спасат своето дете: сакаа да се обидат со експериментално лекување во САД, но на тоа се спротивставија лекарите од англиската болница (Great Ormond Street Hospital) од Лондон. Високиот суд во Лондон, а на барање на болницата, го одобри исклучувањето на респираторот со кој Чарли се одржуваше во живот. Пресудата исто така ја одобрија и други два британски суда, како и Судот за човекови права во Стразбур.

Родителите потоа уште еднаш се обратија до судот за да ја процени можноста детето да се подложи на експериментално лекување, кое би го следело меѓународен лекарски тим, во педијатриската болница „Бомбино Џезу,“ во Рим. Некои од лекарите од спомнатиот тим минатата недела го посетија детето, за на лице место да ја утврдат здравствената состојба.

Според зборовите на родителите на Чарли, премногу време е загубено во сослушувањето на судот. Слабеењето и пропаѓањето на мускулното ткиво е неповратно. „Откако ги видоа наодите од последната магнетна резонанца и енцефалограмот, американските и италијанските лекари се понудија да се обидат да го лекуваат Чарли. Мозокот на детето не беше мртов.“ „Дури и сега реагира на стимуланси – велат родителите – сепак, пропаѓањето на мускулите значително е напреднато.“

Причината за толку оштетување на мускулите на Чарли е едноставна – велат родителите – тоа е времето. „Чарли можеше да живее нормален живот“ – вели мајката на детето на расправата – „на семејството да му беше дозволено да се погрижи за неговото лекување.

Во меѓувреме, ширум светот започнаа емоции и се воздигнуваат многу молитви; постојат големи симпатии за малиот Чарли и неговите родители. Епископите на Англија и Велс исто така ги изразија своите симпатии и родителите ги уверија во своите молитви.

Судот пак од своја страна, ја потврди својата претходна пресуда од 11 април; „дека најдобариот интерес на Чарли е – да умре.“ Судот понатаму смета дека лондонската болница постапила исправно. Родителите од своја страна, во меѓувреме одлучиле да основаат фондација за други пациенти кои страдаат од истата митохондријална болест, со цел за нив лекувањето да биде брзо и навремено. „А сега е време Чарли да оди и да биде со ангелите“ – заклучија на крајот родителите на Чарли.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот