Папата Фрањо се моли за Никарагва

Папата Фрањо се моли за Никарагва

Дијалогот е патот кој треба да се следи за да преовладува помирувањето во Никарагва – е ставот кој го истакнаа бискупите од Никарагва на 23 јули 2018 година, по завршувањето на состанокот, кои се надеваат дека преговорите со посредство на Црквата ќе започнат што поскоро. По протестите против владата и острите репресии во кои загинаа најмалку 360 лица, оваа земја продолжува да живее во напнатост и проблеми.

Папата Фрањо внимателно ја следи ситуацијата и понатаму ги гарантира своите молитви, Обновувајќи ја својата молитва за саканиот никарагвански народ – рече на 1 јули 2018 година – сакам да се придружам на напорите кои ги вложуваат епископите во таа земја, како и бројните луѓе со добра волја.

Владата одбива предвремени избори

Обидите за промовирање на национален дијалог секогаш наидуваше на остар одговор од владата на Даниел Ортега. По повод 39. годишнина од санданистичката револуција, никарагванскиот претседател ги обвини епископите за обид за државен удар. А во интервју дадено за „Fox News“, ги отфрли барањата за оставка и предвремени избори, Следните избори – додаде тогаш Ортега – ќе се одржат како што е предвидено во 2021 година.

Молитви за Никарагва

Во земјата во меѓувреме илјадници луѓе повторно излегуваат на улиците на Манагва за да протестираат против владата. Освен тоа и понатаму пристигнуваат вести за нападнати и осквернати Цркви. Во оваа тажна ситуација, молитвата е вистинската надеж за Црквата. Во недела беше прогласен Ден за молитва, кој го организира Советот на епископски конференции на земјите од Латинска Америка. Слични иницијативи се поттикнати во цел свет, како би се искажала близина и солидарност со народот во Никарагва.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот