Папата Фрањо: Се молам Мандела да биде инспирација за Јужноафриканците

Се молам примерот на починатиот претседател ДА биде инспирација за генерации Јужноафриканци, за да ги стават во прв план на своите политички цели правдата и општото добро“, пишува папата Фрањо во телеграмата до актуелниот претстедател на Јужноафриканската Република, Јаков Зуми.

Светиот Отец ја пофали постојаната преданост која ја покажа Мандела за унапредувњање на човечкото достоинство на граѓани од сите нации во создавањето на новата Јужноафриканска Република, изградена на цврсти темели на ненасилство, помирување и вистина.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот