Папата Фрањо се информира за ситуацијата на христијаните во арапските земји

Во четврток 10 април папата Фрањо го прими Апостолскиот нунциј за Кувајт, Јемен, Бахраин, Катар и Обединетите Арапски Емирати, архиепископот Петар Рајиќ. Апостолскиот нунциј, 54 годишниот канаѓанец истовремено е и Апостолски делегат за Арабскиот полуостров. Во ова својство тој е одговорно лице за црковните работи во Саудиска Арабија, држава со која Светата Столица нема воспоставено дипломатски односи. Инфомрации за содржината на разговорите не се обајвени. Христијаните на поголемиот дел од Арабскиот полуостров живеат со ограничени права на вероисповед. Посебно тешка е ситацијата во Саудиска Арабија. Ватикан се обидува веќе подолго време за подобрување на нивната ситуацијата.

РВ/го*ко

Категорија: Uncategorized, Ватикан

За авторот