Папата Фрањо: Семејството е противотров за материјалното и духовното сиромаштво

Папата Фрањо: Семејството е противотров за материјалното и духовното сиромаштво

На Меѓународниот ден на семејството, кој Обединетите нации го посветија на семејствата и кој во 2023 година е наменет за демографските трендови и семејствата, папата Фрањо во својата објава на својот Твитер профил се залага за промовирање на семејно социјални, економски и културните политики во сите земји, како и политиките што го прифаќаат животот

По повод Меѓународниот ден на семејството во 2023 година, кој беше воспоставен од Обединетите нации во 1989 година, папата Фрањо се осврна на овој важен настан во својата објава на својот Твитер профил со зборовите: Семејството е главниот противотров на материјалното и духовното сиромаштво и проблемот со демографската зима. Потребни се социјални, економски и културни политики прилагодени на семејствата, како и политики кои го прифаќаат животот – пишува Папата .

Во 1993 година, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуција одлучи 15 мај секоја година да се слави како Меѓународен ден на семејствата. Намерата беше да се истакне важноста на семејството и да се поттикне општеството да донесува одлуки кои ќе обезбедат подобар стандард и квалитет на животот на семејствата и ќе го поддржат вреднувањето на семејниот живот, традициите и обичаите.

Во Италија во 2022 година има само 393 илјади новороденчиња

Темата избрана од ОН за Меѓународниот ден на семејствата во 2023 година е Демографски трендови и семејствата. Во петокот, на 12 мај, Светиот Отец зборуваше во Рим на Третиот конгрес за наталитетот што го промовира Форумот на здруженија за семејства посочувајќи дека минатата година во Италија се родени само 393.000 деца при што ја изрази својата загриженост за демографскиот пад. што ја карактеризира цела Европа, како и денешната култура која е „непријател“ на семејството. Во исто време, тој поттикна надеж за иднината со раѓање на нови животи и надминување на оние, речиси непремостливи, услови за жените кои се најоштетени и кои се робови на селективна работа. Ова е најниската бројка од обединувањето на Италија, првпат под 400.000 раѓања за една година.

Раѓањата се показател за надежта на еден народ

Раѓањето деца е, имено, главниот показател за мерење на надежта на еден народ. Ако се родат малку деца, тоа значи дека има малку надеж, истакна Светиот Отец и рече: Да не се помируваме со сивилото и неплодниот песимизам… Токму во најсушните пустини Бог отвора нови патишта. Ајде заедно да ги бараме тие патишта! Папата Фрањо поттикна на неопходни далекувидни политики, кои подготвуваат плодно тло за да процвета нова пролет и да ја остави оваа демографска зима зад нас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот