Папата Фрањо: Светот треба да го гледаме со очите на мајките

Папата Фрањо: Светот треба да го гледаме со очите на мајките

Ако сонуваме иднина со мир, тогаш треба да дадеме простор на жените – е една од мислите од говорот на папата Фрањо упатено до претставниците на еврејскиот одбор, кој на 8 март 2019 година го прими во аудиенција. Тој искажа загриженост за повторните антисемитски напади и ја истакна важноста за меѓурелигиски дијалог и соработка помеѓу евреите и христијаните во промовирањето на мирот и заштитата на животот.

Светот треба да го гледаме со очи на мајките, со поглед на мир – поттикна Светиот Отец на Меѓуанродниот ден на жената, во својот говор до Американскиот еврејски одбор, организација која се ангажира за дијалог меѓу евреите и католиците, и тоа од самиот почеток на декларацијата на Вториот ватикански собор ‘Nostra aetate’, важен документ кој повторно го открива братството.

Папата зборуваше за врската помеѓу жените и мирот, и ја истакна важноста на жената и нејзинот поглед на светот. Посебно го истакна нејзиниот незамнлив придонес во изградбата на свет, кој треба да биде дом за сите луѓе. Имено жените го прават светот да биде поубав и го одржува во живот – рече Папата.

Таа донесува милост, која ги прави работите нови, прегратки кои вклучуваат, храброст за дарување на самиот себе. Жената е мир – напомена Папата. Секогаш повторно се раѓа од нежноста на мајката. Поради тоа сонот за мир се остварува гледајќи во жената. Како што ни зборува Книгата Битие, не случајно жената е создадена од реброто на човекот, додека тој спиел (сп. 1 Мојсеева 2,21). Односно почетокот на жената е во близина на срцето и во сон, за време на сонот. Затоа таа во светот го донесува сонот за љубов. Ако иднината ни е во срце, ако сонуваме иднина со мир, треба да дадеме простор на жената – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот