Папата Фрањо: Работа за младите!

Треба да се направи сѐ што е можно за отстранување на невработеноста на младите. Овој апел го упати папата Фрањо на аудиенцијата за учесниците во Проектот Поликоро, иницијатива на Италијанската епископска конференција, започнат пред 20 години како резултат на Националната конференција во Палермо.

Овој проект покажа дека, исто така и за младите може да се обезбеди слободно и креативно вработување, истакна Папата во поздравниот говор. „Да не ја изгубиме од вид потврдувањето на достоинството на младите!“.

Секој работник има право да биде заштитен од невработеноста, посебно младите, за да можат да го култивираат верувањето дека нивните напори, ентузијазам, енергија и ресурси нема да бидат излишни, истакна папата Фрањо. „Колку млади денес се жртви на невработеноста! Недостатокот на работа го загрозува нивното достоинство, бидејќи невработеноста не ве лишува само од леб, туку ве тера да не се чувствувате достојни за животот!“.

„Колку од нив веќе не бараат работа, помирени со постојани негирања или од рамнодушноста на едно општество кое ги наградува само привилегираните, иако се корумпирани, и со тоа ги спречува да се потврдат во животот“, рече папа Фрањо. „Вработување не е дар за некои препорачани, туку е право за сите!“.

Затоа рече Папата, Проектот Поликоро е конкретен знак на надеж за многу млади кои не се помируваат и знак за храброст на барањето за создавање или подобрување на можностите за вработување. Обраќајќи им се на младите учесници во проектот, папата Фрањо ги охрабри да продолжат да бараат иницијативи кои вклучуваат учество на младите.

„Многу често, зад еден проект за вработување стои осаменоста“, констатираше Папата. „Многу млади се принудени да се соочат со илјада потешкотии без никаква помош, а многу семејства не можат да им помогнат“. Затоа Црквата има позив „да ги поддржи новите работни сили и го охрабри таквиот стил кој ги става сите на иста маса – Црквата не исклучува никого“.

Папата предупреди за опасноста „да се измеша реализацијата на човечката личност со еден модел на богатство и благосостојба, кој турка кон нечовечки ритам“, посочувајќи дека вистинскиот пат се наоѓа во Евангелието:

„Точно е дека Исус не ве учи како да најдеме можности за вработување, но Неговото Слово секогаш е актуелно, конкретно, живо, што може да допре секој човек. Денес тоа Слово ни зборува и нам: нѐ повикува да ги реализираме нашите идеи, нашите проекти и нашиот начин на предавање на Благата вест на целиот свет“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот