Папата Фрањо пристигна во Словачка

Папата Фрањо пристигна во Словачка

Папата Фрањо пристигна во Братислава; така започна вториот дел од неговото апостолско патување на кое ќе биде до 15 септември.

 Папата Фрањо пристигна на аеродромот во Братислава, каде беше пречекан од словачкиот претседател. Две деца во традиционални народни носии, во знак на гостопримство, му понудија леб, сол и цвеќиња. Светиот Отец дојде во Словачка од Унгарија, каде што, во присуство на повеќе од 100.000 верници, ја прослави мисијата „statio orbis“, со која заврши 52. Меѓународен евхаристиски конгрес. Пристигнувајќи во Братислава, започна вториот дел од 34. апостолско патување на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот