Папата Фрањо пристигна во Малта

Папата Фрањо пристигна во Малта

Папата Фрањо пристигна во Малта во саботата наутро за неговата 36. Апостолска посета во странство и негово прво патување во 2022 година. Неговата дводневна посета и поклонение на медитеранскиот остров ќе ги следи стапките на Свети Павле и ќе се фокусира на темите на евангелизацијата и потребата да се пречекаат, заштитат и интегрираат мигрантите и бегалците.

Папата Фрањо пристигна во Малта со авионот на Папата ИТА Ервејс во кој се превезуваа тој, различни членови на Курија и 74 новинари кои рано наутро во саботата тргнаа од римскиот аеродром Фиумичино.

Ова апостолско патување во Малта е 36. посета на Папата во странство и е негово прво патување во 2022 година, посета која двапати е одложувана поради пандемијата со коронавирусот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот