Папата Фрањо пристигна во Македонија

Папата Фрањо пристигна во Македонија

На 7 мај 2019 година папата Фрањо пристигна во прва Апостолска посета на Македонија

Околу 8.15 часот по локално време на Меѓународниот аеродром – Скопје слета авионот со кој Папата пристигна во прва Апостолска посета на Македонија. На скопскиот аеродром Светиот Отец го пречека Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, придружуван од Претседателот г-дин Ѓорге Иванов и премиерот г-дин Зоран Заев.

На македонска земја Папата беше пречекан и од три девојчиња облечени во македонска носија, кои му искажаа на традиционален начин добредојде со леб, сол и цвеќе.

Веднаш потоа Светиот Отец се упати кон претседателската вила на Водно, каде ќе оствари средба со Претседателот Иванов, премиерот Заев, државните власти, Дипломатскиот кор и претставници на цивилното општество.

За авторот