Папата Фрањо: Предизвиците на миграциските текови бараат нови заеднички одговори

Папата Фрањо: Предизвиците на миграциските текови бараат нови заеднички одговори

На 10 септември 2020 година во Ватикан папата Фрањо се сретна со учесниците во европскиот проект „Snapshots from the Borders“, чија цел е да придонесе за создавање на нова култура кон мигрантите, заснована на средба и солидарност, и да поттикне поефикасна политика за прифаќање и интеграција во Европа. Границите нека станат простори на меѓусебно збогатување – рече Папата

Границите можат да станат „прозорци“, простори на меѓусебно запознавање, меѓусебно збогатување, заедништво во различностите – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција учесниците на европскиот проект насловен „ Snapshots from the Borders“.

Целта на проектот, кој Папата го нарече далекувиден, е да промовира подобро разбирање на миграцијата, што ќе им помогне на европските општества да дадат похуман и посоодветен одговор на предизвиците на модерната миграција. Сегашната состојба на миграција е слоевита и честопати има драматични последици – рече Папата, истакнувајќи дека општатат меѓусебна зависност што ги одредуваат миграциските текови треба подобро да се проучат. Покрај тоа, предизвиците се разновидни и ги покануваат сите луѓе да учествуваат. Никој не може да остане рамнодушен на човечките трагедии кои продолжуваат да се случуваат во многу делови на светот, како на пример на Медитеранот, море кое е граница, но  исто така и место за средби на културите – рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот