Папата Фрањо: Првата христијанска заедница е слика и пример на братство

Папата Фрањо: Првата христијанска заедница е слика и пример на братство

Во душите на христијаните нема место за себичност

Првата христијанска заедница е слика и пример за братство – рече папата Фрањо на 26 јуни 2019 година на катехезата за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, осврнувајќи се на Делата на светите апостоли, каде е опишана првата христијанска заедница, која како таква е посветена со љубов кон Бог и браќата. Плодот на Духовден, слегувањето на Божјиот Дух врз првата христијанска заедница во многумина луѓе предизвика чувство дека срцата им се прободени од радносното навестување, керигмата на сапсение преку Христос и им се придружиле слободно, преобраќајќи се, крстејќи се во Неговото име и прифаќајќи го дарот на Светиот Дух.

Околу три илјади луѓе станаа дел од тоа братство кое било начин на вернички живот и квасец на Црквата во делото на евангелизација – рече Папата и истакна: Жарот на верата на тие браќа и сестри во Христа од нивните животи направи место за Божјото дело кое се гледа кај апостолите преку чудата и знаците. Посебното станало вообичаено и секојдневниот животен простор го покажува живиот Христос. Евангелистот Лука тоа ни го проповеда покажувајќи ни ја ерусалимската Црква како пример на секоја хрстијанска заедница, како слика за братство кое маѓепсува, но од неа не смее да се прави мит, ниту пак смее да се обезвреднува.

Извештајот од Делата на светите апостоли ни овозможуваат да гледаме низ ѕидовите на куќите, каде првите христијани се собирале како Божјо семејство, простор за коинонија, односно заедништво на љубов меѓу браќата и сестрите во Христос – рече папата Фрањо и додаде: Може да се види дека тие живеат на многу јасен начин. Постојани се во апостолската наука и заедништво, во прекршувањето на лебот и молитвата (сп. Дела 2,42). Христијаните внимателно слушаат дидахе, односно апостолската наука, практикуваат добри меѓучовечки односи и преку заедништвото на духовните и материјалните добра; се сеќаваат на Господ во „прекрушувањето на лебот“, односно во евхаристијата и разговараат со Бог во молитва.

Тоа е христијанско однесување односно четирите одбележја на добриот христијанин – рече папата Фрањо и напомена: За разлика од човечкото оопштество во кое се обидуваме да работиме за сопствените интереси без разлика на другите или дури на штета на другите, верничката заедница го отфрла индивидуализмот како би поттикнала меѓусебно споделување и солидарност. Во душата на христијанинот нема место за себичност – рече папата и додаде: Ако во вашето срце има себичност, не сте христијанин, туку световни луѓе кои само бараат сопствена корист.

Еванелистот Лука ни вели дека христијаните беа заедно и сè им беше општо (с. Дела 2,44) – рече Светиот Отец и истакна: Близината и единството се христијански начини. Да се биде близу, грижата еден за друг, да не го озборува другиот, да му се помага и да му се приближи, тоа е христијански начин. Милоста на крштението ја открива внатрешната врска меѓу браќата во Христос, кои се повикани меѓусебно да си разделуваат, да се поистоветат со другите и да си раздаваат, и на секого според неговата потреба. (сп. Дела 2,45), односно се повикани да бидат великодушни, да дават милостина, да се грижат за другите, да ги посетуваат болните и оние во потреба и да ги утешуваат тажните.

Тоа братство, која е Црквата, е токму затоа што го бира патот на заедништво и внимателност кон оние во потреба, може да живее вистински литургиски живот – рече папата Фрањо и продолжи: Свети Лука вели: И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, кршејќи леб по куќите, се хранеа со радост и чисто срце. Фалејќи Го Бога беа омилени кај сите луѓе. Извештајот од Делата на светите апостоли нѐ потсетува дека Господ го гарантира растот на заедницата (сп. Дела 2,47).

Постојаноста на верниците и вистинскиот сојуз со Бог и со браќата станува привлечна сила и освојува многумина (сп. Радост на еванелието бр.14). Тоа е принцип и благодарејќи на него живее верничката заедница во секое време. Да го молиме Светиот Дух како нашите заедници би станел места во кои ќе се прифаќа и практикува новиот живот, дела на солидарност и заедништво; како би ги направиле места во кои литургиите се средба со Бог и станува заедништво со браќата и сестрата; да бидат места чии врати се отворени кон небескиот Ерусалим – рече папата Фрањо на крајот од катехезата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот