Папата Фрањо: Постои Божјото милосрдие, но постои и Неговиот гнев

Папата Фрањо: Постои Божјото милосрдие, но постои и Неговиот гнев

Не чекај со преобраќањето

Никој од нас не е сигурен како и кога ќе заврши неговиот живот. Потребно е да застанеме, да станеме свесни на своите промашувања, да знаеме дека крајот може да дојде во секој момент и да не живееме мислејќи дека Божјото сочувство е бесконечно., затоа што тоа е оправдувањето за она што се посакува – рече папата Фрањо во проповедта на 28 февруари 2019 година во домот Света Марта во Ватикан, размислувајќи повторно од книгата мудрост Сирахова, поттикнувајќи да го промениме срцето и да се преобратиме во Господ.

Мудроста е секојдневна работа – рече Папата и протолкува: Се раѓа од размислување за животот и преиспитувањето како се живеело. Доаѓа преку слушањето на советите, како оние од Книгата Мудрост Сирахова, кои наликуваат како совети на татко кон син или дедо кон внук. Да не го следиме својот нагон и сила, следејќи ја страста на своето срце. Сите имаме исти страсти. Но бидете внимателни, контролирајте ги страстите. Земете ги во раце, страстите и склоностите не се лоша работа, тие се така да кажеме, крв за спроведување на многу добри работи, но ако не сте во состојба да ги контролирате своите страсти, тие ќе владеат со вас.

Папата ја истакна релативноста на животот и го цитираше стихот од псалмот кој гласи: Вчера поминав и видов човек, денес се вратив и повеќе го немаше. Не сме вечни, не смееме да мислиме дека можеме да го правиме она што го сакаме, верувајќи во бескрајното Божјо милосрдие. Не бидете непромислени и не ризикувајте, мислејќи дека ќе се извлечете. „Успеав до сега, ќе успеам и понатаму“. Успеавте, но сега повеќе не знаете што ќе биде. Не зборувајте дека Божјото сочувство е големо, дека ќе ви прости многу гревови и така да одете понатаму, правејќи го она што посакувате.

Тоа не го зборувајте – рече Светиот Отец и продолжи: Не чекајте за да се преобратите во Господ, не чекајте со преобраќањето, да го промените и усовршите својот живот и да го исфрлите коровот од себе. Сите мораме да го тргнеме. Не чекајте за преобраќањето во Господ и не одложувајте од ден во ден, зашто неговиот гнев ќе биде неочекуван.

Повикувајќи да не ја одложуваме промената на својот живот, папата Фрањо поттикна да не се плашиме, туку да бидеме способни да го конторлираме она што нѐ возбудува. Секој ден да направиме мал испит на совеста како би можеле да му кажеме на Господ: Утре ќе се обидам тоа повеќе да не се случи. Можеби ќе се случи нешто помалку, но сте успеале да се контролирате, а не со вас да владеат вашите страсти и многу работи кои се случуваат, затоа што никој од нас не е сигурен како и кога ќе заврши нашиот живот. Тие пет минути на крајот од денот ќе ни помогнат да размислуваме и да не ја одложуваме промената на срцето и преобраќањето во Господ. Нека Господ со својата мудрост нѐ научи да одиме по тој пат – рече Папата на крајот од проповедта.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот