Папата Фрањо посети два женски манастири

Папата Фрањо на 9 август 2016 година посети два женски манастири во италијанските покраини Лацио и Абрузо. Посетата беше од приватен карактер и ненајавена. Папата го посети манастирот на сестрите Бенедиктинки во Карсоли, како и манастирот на сестрите Фрањевки во градот Борго сан Пиетро.  Во придружба на Светиот Отец беше монс.  Доменико Помпили, бискуп од Риети и неговата соработничка монахињата Ангела Северино.

На почетокот на јанаури папата Фрањо спонтано го посети Гречио, место каде што свети Фрањо во 1223 година ја направи првата жива божиќна пештера. Потоа Папата се сретна накратко со младите од бискупијата Риети. И оваа година папата Фрањо се откажа од одмор, сепак во месец август неговите термини се разредени.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот