Папата Фрањо: Посвојувањето е христијанска одлука што ве прави плодни

Папата Фрањо: Посвојувањето е христијанска одлука што ве прави плодни

Папата Фрањо ги споделува своите размислувања за плодноста на брачната љубов, која се гледа и преку отвореноста кон животот што треба да се роди и во подготвеноста да се грижи за друг живот.

Посвојувањето е христијански избор што нѐ прави посредници на Божјата љубов. Папата Фрањо нѐ потсетува на ова во едно видео подготвено од Дикастеријата за лаици, семејството и живот, а поврзано по повод Годината „Семејството во Amoris Laetitia“. Во овие видеа, Светиот Отец коментира сведоштва на одделни семејства за различни аспекти од семејниот живот. Овој пат главниот протагонист на видеото е италијанско семејство кое, откако на жената ѝ е дијагностицирана неплодност со посвојување дете доби благодат подоцна да има шест деца.

Посвојувањето го менува животот

Енрико и Франческа велат дека пораснале во големи семејства и се отворени за животот, но првите седум години од брачниот живот, започнати пред 28 години, биле обележани со тешкото искуство на неколку спонтани абортуси и операции, проследено со болна дијагноза за неплодност на Франческа. Во една таква ситуација, одлучиле да посвојат дете од Русија.

„Благодарение на поддршката на Црквата и заедницата на Неокатехуменскиот пат на кој припаѓаме, чувствувавме дека Бог нѐ повикува на плодност и отвореност кон животот, дека има својот план за нас“, велат тие, нагласувајќи дека одлуката да посвојат дете ги исцели. Неколку месеци подоцна, Франческа забремени. Така се родија нивните две ќерки и четири сина по ред. И во 2005 година тие отидоа во послание како дел од службата својствена за Неокатехуменалниот пат.

Посредници на Божјата љубов

„Љубовта секогаш дава живот. Брачната љубов не е ограничена само на мажот и жената, туку создава семејство и му овозможува да го прифати животот. Секое дете, кое доаѓа е дар од Бога. Секое дете мора да биде прифатено, бидејќи во секоја ситуација, под какви било околности, тоа е наше дете“, ја искоментира сведоштвото папата Фрањо, нагласувајќи дека родителската љубов е „Божји инструмент, кој со нас го чека раѓањето на секое дете“, прифаќајќи го такво какво што е.

„На секоја жена ѝ велам со надеж: Вие сте прекрасен Божји инструмент за прифаќање и давање нов живот на светот“, рече Светиот Отец, додавајќи дека посвојувањето е „христијански избор“, бидејќи е семеен дар за оние што ќе го направат тоа. „Тоа е чин на љубов, преку кој една жена и еден маж стануваат посредници на Божјата љубов“, истакна Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот