Папата Фрањо повторно апелираше за мир во Сирија

Папата Фрањо повторно апелираше за мир во Сирија

На крајот од литургисктоо славење на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо апелираше за мир во Сирија поради новата воена акција на северо-истокот на земјата. Тој, исто така, повика на посветеност на социјалниот мир во Еквадор, каде што трајат немирите веќе десетина дена

На крајот од литургископто славење, папата Фрањо се заблагодари на кардиналите, епископите, свештениците, монасите и монахињите од сите делови на светот, особено на оние кои – како што рече – припаѓаат на духовното семејство на новите светци. Поздравувајќи ги делегациите на различните земји, тој се осврна на животниот пример на ново прогласените светци и истакна дека со своето евангелско сведоштво тие поттикнувале духовен и социјален развој кај сопствениот народ.

Светиот Отец упати посебен поздрав до верниците во Полска, кои на 13 октомври го слават денот на Папата и им се заблагодари за молитвите и трајната љубов. Тој потоа се осврна на неодамнешните настани во североисточна Сирија, каде мештаните биле присилени да избегаат од својот дом заради воена акција. Многу христијански семејства се меѓу бегалците. Папата го повтори својот апел до сите инволвирани страни и до меѓународната заедница да се вклучат во искрен, чесен и јасен дијалог со цел изнаоѓање ефикасно решение.

Покрај тоа, Светиот Отец истакна дека со загриженост ги следи настаните во Еквадор, каде што трајат немирите веќе десетина дена заради зголемувањето на цената на горивата. Тој ја довери латиноамериканската земја на заедничка молитва и посредување на новите светци, споделувајќи ја нејзината болка за мртвите, ранетите и исчезнатите. Папата Фрањо ги охрабри Еквадорците да се залагаат за општествен мир, посветувајќи посебно внимание на најранливото население, сиромашните и човековите права. На крајот, обраќајки се на присутните на плоштадот Свети Петар, ги покани сите да се обратат кон Блажената Дева Марија, која е пример на евангелско совршенство, за да им помогне да го следат примерот на новите светци.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот