Папата Фрањо повика на молитва и пост за Авганистан

Папата Фрањо повика на молитва и пост за Авганистан

Во своето пладневно обраќање, Папата ги охрабри верниците да направат гестови на солидарност кон цивилите во Авганистан, посебно кон жените и децата, жртви на насилство и атентатите извршени во последните денови. „Нека и понатаму се следат потребите и да се молиме дијалогот и солидарноста да доведат до мирен и братски соживот“.

По молитвата Ангел Господов во недела 29 август 2021 година Папата рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата во Авганистан. Ги споделувам страдањата на оние што жалат за животите на убиените во самоубиствените напади во четвртокот, како и на оние што бараат помош и заштита, а убиените ги довери на милосрдието на Семоќниот Бог и им се заблагодари на сите оние кои се ангажираат како би му се помогнално на овој измачен народ, а посебно на жените и децата.

Покрај тоа, тој ги охрабри сите луѓе да продолжат и понатаму да им помагаат на оние што имаат потреба и да се молат дијалогот и солидарноста да доведат до воспоставување мирен и братски соживот и да се даде надеж за иднината на таа земја. Таквата ситуација, како христијани нѐ обврзува – рече Светиот Отец и ги повика сите на силна молитва и пост, на молитва и покора, бидејќи – како што рече – ова е моментот за тоа. Ова треба да го правиме, молејќи го Господ за милост и простување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот