Папата Фрањо повика на молитва за жртвите од ебола

Папата Фрањо упати апел до меѓународната заедница „да ги вложи потребните напори за надминување на вирусот ебола”. Апелот беше упатен за време на Генералната аудиенција во среда 19 октомври во Ватикан во момент кога жртви на смртоносниот вирус во Западна Африка се повеќе од 5 илјади луѓе, а заразените се над 10 илјади. Истовремено Европа мобилизира 40 илјади експерти за тешката ситуација во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

„Со оглед на усложнувањето со епидемија од ебола – рече Папата – ја изразувам својата длабака загриженост за оваа немилосрдна болест која се шири претежно во Африка и особено меѓу најсиромашните народи”. Папата Фрањо ја гарантира својата „духовна близина и молитви за погодените од вирусот, како и за лекарите, болничари и волонтерите, верските институции и здруженија кои вложуваат херојски напори и се жртвуваат за да помогнат на нашите браќа и сестри”.

Папата го обнови својот апел до меѓународната заедница „да ги вложи потребните напори за победата над овој вирус и да ги олесни страдањата и тешкотиите на заразените”. На крајот повика на молитви за жртвите од ебола.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот