Папата Фрањо повика на молитва за екуменската средба во Бари

Папата Фрањо повика на молитва за екуменската средба во Бари

Папата Фрањо преку Твитер порака ги повика своите следбеници со молитва да ја придружуваат екуменската средба за мир на Блискиот Исток, која ќе се одржи во сабота на 7 јули во Бари.

Ве повикувам сите со молитва да го придружувате ходочастието во Бари, кое ќе се случи следната сабота, како би молеле за мир за измачениот Блиски Исток – истакна Папата во Твитер пораката, објавена на 1 јули на неговиот профил.

Имено во сабота 7 јули 2018 година во центарот на италијанската покраина Апули, ќе се одржи екуменска средба за мир. Тој ден ќе биде посветен на молитва и размислување за драматичната ситуација на Блискиот Исток, од која се погодени бројни наши браќа и сестри во верата. Светиот Отец на таа екуменска средба за мир ги повика поглаварите на Црквите и христијанските заедници од тоа подрачје.

Папата и патријарсите на тој ден околу 8,30 часот ќе пристигнат во Папската базилика „Свети Никола“ во Бари, а потоа ќе слезат во криптата на молитва пред моштите на свети Никола, кој е светец како за католиците, така и за православните. Потоа со автобус ќе се упатат на родондата на крајбрежјето, каде ќе се одржи молитвена средба, со почеток во 9,30 часот. По завршувањето на молитвата, во базиликата во 11,00 часот ќе започне разговор зад затворени врати, а потоа во 13,00 часот со автобус ќе заминат на ручек во надбискупијата. Тука Папата ќе се опрости од присутните патријарси и пред враќање во Ватикан ќе ги поздрави претставниците на власта.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот