Папата Фрањо: Пештерата и елката се навестители на светлината, надежта и љубовта

Папата Фрањо вчера, на 19 декември ја прими делегацијата од Верона и Катанцаро, која оваа година, за плоштадот свети Петар, ги донираа елката и пештерата. Заблагодарувајќи им се за даровите, „на кои ќе им се восхитуваат бројни верници од сите делови на светот“, Папата истакна дека елката и пештерата се сугестивни знаци, „мили на нашите христијански семејства“ бидејќи „повикуваат на тајната за Овоплотувањето.“

Овие знаци, сепак, „ги допираат и срцата на оние кои не веруваат“, затоа што „зборуваат за братството, блискоста и пријателството, повикувајќи ги луѓето од денешно време да ја откријат убавината на едноставноста, на делењето и на солидарноста“, истакна Светиот Отец додавајќи дека тоа е повик за слога и мир за целото човештво; повик за да направиме место за Бог во нашиот личен и општествен живот.

Папата на членовите од делегацијата им го честита раѓањето на Месијата, „кој стана човек и дојде меѓу нас за да го растера мракот на заблудата и гревот, донесувајќи му ја на човештвото својата божествена светлина.“ Да го следиме Него, вистинската светлина, „за да не би се изгубиле иТој од нашето лице да зрачи со светлина и топлина, за оние кои поминуваат преку тешки моменти и внатрешна темнина“, рече Папата, а потоа ги благослови и ги потсети да се молат за него.

Инаку, овогодишната Елка е стара седумдесет години, висока 25,5 метри и тежи 8 тони. Се состои од две дебели стебла споени во едно, што симболизира дека човекот никогаш не е сам на патот низ животот, туку секогаш го придружува Господ.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот