Папата Фрањо: Папата Павле VI многу ја сакаше Црквата

Папата Фрањо: Папата Павле VI многу ја сакаше Црквата

После молитвата Ангел Господов во недела 5 август 2018 година, папата Фрањо се спомна на Павле VI. кој почина пред 40 години. Се сеќаваме на него со голема почит и благодарност.

Драги браќа и сестри, пред 40 години блажениот папа Павле VI. ги живееше своите последни моменти на оваа земја – рече папата Фрањо. Почина во вечерните часови на 6 август 1978 година. Се спомнуваме на него со голема почит и благодарност, очекувајќи ја неговата канонизација на 14 октомври оваа година. Од небото нека се застапува за Црквата која ја сакаше многу и за мир во светот. Да го поздравиме тој голем Папата на модреноста со ракоплескање – поттикна папата Фрањо.

Вториот ватикански собор и Humanae Vitae

Папата Павле VI. ќе биде прогласен за свет на 14 окотмви оваа година на плоштадот Свети Петар, за време на Епископската синода посветена на младите. Папата Монтини до крајот на Вториот ватикански собор, а на последното јавно заседание рече: Овој историски Собор ја претставува Католичката црква која е во оваа сала, полна со пастири, кои исповедаат иста вера, дишат со иста љубов, здружени се во исто заедништво на молитвата, грижи, активности и она што е прекрасно – сите сакаат само една работа, да се даруваат како Христос нашиот Учител и Господ, за живот на Црквата и за спасение на светот.

Папата Павле VI. исто така е автор на енцикликата ‘Humanae vitae’, која оваа година навршува 50 години од објавувањето. Во таа енциклика меѓу другото, се отфрла контрацепцијата со вештачки методи и со одлучен став се зазема против политиката на семејно планирање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот