Папата Фрањо одговори на писмо на тригодишно девојче

Милано, 13.7.2013 /к.мк/ – Тригодишно девојче му предаде на папата Фрањо писмо, а Папата и одговори. Алис Марија Рока од Осио Спора од италијанската провинција Бергамо, во мај присуствуваше на света Литургија со Папата, а при минувањето низ луѓето, Папата ја благослови. При тоа таа на Папата му предаде писмо, напишано со помош на нејзината баба, во кое моли за благослов за неа, нејзиното семејство и нејзината детска градинка. Овие денови папата Фрањо и одговори поздравувајчи ја со благослов, јавува Кориере дела Сера (Corriere della Sera) (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<