Папата Фрањо нуди нов поглед на исповедта, Света тајна на радоста

Папата Фрањо нуди нов поглед на исповедта, Света тајна на радоста

Во срцето на простувањето е Бог кој прегрнува, а не попис на гревови и нашата понизност.

Пишува: Андреа Торниели

Исповедта е „таинство на радоста“, згора на тоа е „празник“ на небото и на земјата. Во вторникот, на 14 септември, на стадионот во Кошице, изгледаше дека папата Фрањо гледаше во очите на секој млад маж и жена кои се собраа да го сретнат за да ги покани на нов начин да ја доживеат тајната на покајанието. И она што го кажа Наследникот на Свети Петар беше утеха не само за присутните, туку и за сите што ја следеа средбата на телевизија или на Интернет, или едноставно го читаа говорот на Папата.

Ова не е света Тајна, на која во нашево време често не се пристапува, мора да се промени тоа. Предлогот на папата Фрањо е сосема поинаков поглед на исповедта, во споредба со тоа како ја доживуваат многу христијани, во споредба со одредено историско наследство.

Како прво, Папата ја посочи оваа тајна како „лек“ за периодите од животот кога сме обесхрабрени. Младото момче Петар, го праша Папата како неговите врсници можат „да ги надминат пречките на патот кон Божјата милост“, но тој одговори на други прашања: „Ве прашувам, за што мислите кога одите на исповед?“ Речиси сум сигурен каков ќе биде одговорот: на гревовите. Но, дали навистина гревовите се центарот на исповедта? Како Бог сака да му се приближите, размислувајќи за себе, за вашите гревови или за Него?“

Два дена претходно, папата Фрањо во Будимпешта рече дека христијанскиот живот започнува со чекор наназад, повлекувајќи се од центарот на животот, ослободувајќи простор за Бога. Истиот критериум, истото гледиште применет на исповедта, може да предизвика не мала, туку голема Коперниканска револуција во животот на секого: во светата Тајна Исповед центарот повеќе не сум јас, потчинет од пописот на гревовите, можеби постојано се исти гревовоите, што е тешко да му се кажат на свештеникот. Во центар е средбата со Бог, кој нѐ прима, прегрнува, простува…

„Не смееме да одиме на исповед како казнети, морајќи да се покоруваме, туку како деца што брзаат да се фрлат во прегратките на Отецот“, им објасни Папата на младите. А Отецот нѐ прифаќа во секоја ситуација, ни простува за секој грев. Добро, ќе прекријам: Но Бог секогаш простува! Дали разбравте? Бог секогаш простува!“ Ова не е одење кај судија за да се расчистат сметките, туку кај „Исус кој ме сака и ме лекува“.

Папата Фрањо ги советуваше свештениците (…) да му го дадат на Бог првото место во исповедта. Ако Бог е главниот протагонист, сѐ станува убаво, а исповедта станува Тајна на радоста.Така повеќе не е страв и суд, туку радост.

Новото гледиште за светата тајна покајание, предложено од Папата, нѐ охрабрува, затоа, да не останеме затвореници на срамот за нашите гревови – срамот, кој е „добра работа“ – туку да го надминеме, бидејќи Бог никогаш не те презира. Тој те сака точно таму каде што се срамиш од себе. Тој секогаш те сака“. На оние кои сѐ уште не можат да си простат, мислејќи дека Бог не може да го стори тоа, „затоа што секогаш ќе паѓам во исти гревови“,папата Фрањо праша: „Кога Бог е навреден? Кога ќе одиш да побараш простување од Него? Не, никогаш. Тогаш Бог страда, кога мислиме дека не може да ни прости, бидејќи тоа е како да велиме: „Слаби си во љубовта!“ Бог, пак, се радува, ни простува, се радува секој пат. Кога ќе нѐ остави, верува во нас, како и првиот пат, не се сомнева во нас. Ние се сомневаме, но не и Тој. Тој не гледа во нас грешни луѓе за да нѐ етикетира, туку сакани деца; евентуално ранети, и затоа има уште повеќе сочувство и нежност. И секој пат кога ќе се исповедаме, никогаш да не заборавиме, тоа е празник, небото слави. Како што е исто така и на земјата.

Од срам до славење, од понизност до радост. Ова не е мислење на папата Фрањо, ова е Евангелието во кое читаме за таткото кој со нетрпение го чека блудниот син, постојано гледајќи во хоризонтот, па дури и пред да најде време да се понизи, скрупулозно да ги признае своите гревови, го прегрнува, го прибира и организира прослава со него и за него.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот