Папата Фрањо на средба со американските судии

Папата Фрањо на средба со американските судии

На 4 јуни 2019 година во Ватикан папата Фрањо го затвори панамериканскиот состанок на судии, кој го организира Папската академија за општествени науки, а на кој се разговараше за општествените правила и неговото научителство. Во присуство на стотина учесници, судии и судски службеници од американскиот континент се претставени нови документи за важноста за заштита на општествените права.

Средбата започна на 3 јуни, а следува после првиот таков одржан состанок на 4 јуни минатата година на Правниот факултет на универзитетот во Буенос Аирес. Папската академија за општествени науки, на чие чело е економистот Стефано Замагни, ги повика судиите да размислуваат за правното вдахновение вкоренето во документите на научителството на папата Фрањо. Станува збор за втор ваков собир, после собирот во јуни 2016 година на тема: „Против трговијата со луѓе и организираниот криминал“.

Во таа прилика во 2016 година папата Фрањо ја поттикна Папската академија за општествена наука да се вклучи во „хуманиот и христијанскиот“ проект за ослободување на човештвото од новите облици на ропство и организиран криминал и ги повика судиите и јавните обвинители од целиот свет, кои имаат искуства и мудрост од пракса да помогнат во искоренувањето на трговијата со луѓе и организираниот криминал. Папата во таа прилика побара од присутните судии да го остварат својот повик, односно да воспостават праведност, без кој нема ред, ниту пак одржлив и целосен развој, ниту пак општествен мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот