Папата Фрањо најверојатно ќе го посети Кипар

Папата Фрањо најверојатно ќе го посети Кипар

Светиот Отец Фрањо треба да го посети Кипар во декември, објави CNА на 1 септември.

Светиот Престол сѐ уште ја нема официјално потврдено оваа посета на Папата, но според кипарски државен официјален извор, тоа треба да се случи на 2 и 3 декември.

Посетата ќе вклучува и средба со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, кого Папата го прими во аудиенција во Ватикан на 18 ноември 2019 година. Кипарските медиуми најавуваат и средба со кипарскиот православен поглавар Хризостом II. и средба со католичките верници на стадионот.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, само потврди дека се разгледуваат можностите за патувања на Папата наесен, но, како што рече, сѐ уште е рано да се зборува за тоа.

Меѓутоа, во интервју за шпанската радио станица COPE, емитувано на 1 септември, папата Фрањо објави дека планира по Словачка да ги посети Кипар, Грција и Малта.

Сѐ уште не е познато дали Папата ќе ги посети во овие три медитерански земји во едно апостолско патување.

Светиот Отец, исто така, ја објави својата намера да учествува на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP26) што ќе се одржи од 30 октомври до 12 ноември во Глазгов, Шкотска. Тој веќе подготви говор за оваа пригода, но рече дека неговото учество зависи од тоа кавко ќе биде неговото здравје во тој период.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот