Папата Фрањо: Нашето срце е жедно за средба со Бог

Папата Фрањо: Нашето срце е жедно за средба со Бог

Нашето срце е жедно за средба со Бог и често Го бара на погрешни патишта. Бог исто така е жеден за средба со нас, до таа мерка што Го испрати Исус за да нè сретне и за да го исполни тој немир – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литругија во домот Света Марта.

Да се молиме денес за сите луѓе кои стрдаат од жалост, затоа што се сами и не знаат каква иднина ги чека или затоа што не можат да го издржуваат семејството, затоа што немаат пари и работа. Има многу луѓе кои страдаат од тага. Да се молиме за нив – поттикна папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, која ја служеше во неделата на 26 април 2020 година. Папата во проповедта го коментираше Евангелието за денешната Литургија кое зборува за средбата на воскреснатиот Исус и двајцата ученици од Емаус, и како го препознале во прекршувањето на лебот.

Христијанството е средба со Исус, христијанин е тој кој дозволува Господ да Го сретне – рече Светиот Отец и истакна: Родени сме со семето на немирот, а за тоа не сме свесни. Нашето срце е жедно за средба со Бог и често Го бара на погрешни патишта. Бог исто така е жеден за средба со нас, до таа мерка што Го испрати Исус за да нè сретне и за да го исполни тој немир.

Во Евангелието гледаме дека Исус го почитува нашиот пат, го следи нашето темпо, Господар е на трпението, оди покрај нас, ги слуша нашите грижи и ги познава – рече Папата и напомена: На Исус Му е мило да слушне како зборуваме. Не го забрзува чекорот, треплив е, оди со чекор со најбавната личност, најпрво слуша, потоа одговара, толкува, сè додека е потребно. Го среќаваме на целиот свој пат и во своите најмрачни моменти; нè придружува затоа што сака да нè запознае. Затоа кажуваме дека сржата на христијанството е средбата со Исус. Некои Исус Го среќаваат, а за тоа не се свесни. Благодатниот живот започнува кога ќе Го сретнеме Исуса.

Често сме слушале дека христијанството не е само наука, начин на однесување или култура – рече папата Фрањо и истакна:  Всушност сето тоа е, но пред сè е средба. Некој е христијанин затоа што Го сретнал Исус, дозволил Он да Го сретне. Во Евангелието добро гледаме дека Исус ја почитува нашата сопствена ситуација и дека нè не брза. Само понекогаш тоа го прави со тврдоглавите како свети Павле, кога го фрлил од коњот. Но, обично оди полека, го почитува нашето време. Господар е на трпението и со секој од нас има многу трпение; Господ оди покрај нас.

Исус ги слуша нашите грижи и ги познава, и во одредени моменти ни прозборува – рече Папата и продолжи: Сака да слушне што зборуваме, за добро да нè разбере и за да ни даде вистински одговор на нашите грижи. Не забрзува, секогаш оди со нашиот чекор, често бавно, но такво е Неговото трпение. Постои старо правило за поклоничко патување кое вели дека вистинскиот поклоник мора да оди во чекор со најбавниот човек. Исус тоа го прави, не забрзува, чека да го сфатиме првиот чекор и кога ќе дојде време ни поставува прашање. Во овој случај прашува: „Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи? Се покажува како неук, мило му е да слушне што и како зборуваме, и потоа одговара и толкува, се додека е потребно: „Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ (…)

И потоа истиот Исус Кој нè придружуваше, Кој ни се приближни, се прави како оди понатаму за да ја види мерката на нашиот немир: „Остани со нас.“ Така се одвива средбата. Но, средбата не е само моментот на прекршувањето на лебот, туку целиот пат. Исус Го среќаваме во темнината на своите сомнежи, па и во лошите сомнежи на своите гревови. Овде е за да ни помогне во нашите немири и грижи. Секогаш е со нас.

Господ нè придружува затоа што сака да нè запознае. Затоа кажуваме дека средбата со Исус е срж на христијанството. Многу луѓе, не знаат да кажат зошто се христијани. Некои заради традиција, други не знаат да кажат, но тоа се затоа што Го сретнале Исуса, но не биле свесни дека тоа било средба со Исус. Исус секогаш нè бара. Го имаме својот немир. Во моментот кога нашиот немир ќе Го сретне Исус, тогаш започнува благодатниот живот, полнотата на животот и патот на христијанскиот живот. Нека Господ на сите ни ја даде таа благодат Исуса да Го среќаваме секој ден, да знаеме и да сме свесни дека токму Он оди со нас во сите наши моменти. Тој е нашиот придружник на поклонението – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот