Папата Фрањо: Наградата Зајед е чекор напред на заедничкиот пат кон братството

Папата Фрањо: Наградата Зајед е чекор напред на заедничкиот пат кон братството

Папата Фрањо им честиташе на тројцата добитници на наградата Зајед за 2022 година за промовирање на човечкото братство и ги охрабри да продолжат со напорите на патот кон човечкото братство.

Папата Фрањо испрати видео порака по повод наградата Зајед за човечко братство за 2022 година. Со наградата се доделува признание на добитниците за нивниот придонес во градењето на помирен и сочувствителен свет вдахновен од вредноста на човечкото братство.

Во пораката Светиот Отец изрази благодарност за можноста, макар и одржана на виртуелен начин, и им честиташе на тројцата победници за оваа година – неговото височество кралот Абдула II. ибн Ал Хусеин и кралицата Ранија Ал Абдула од Јордан, како и на хаитинската хуманитарна фондација ФОКАЛ (Фондација за знаење и слобода).

Настанот е иницијатива за пофалба, рече Папата, и уште еден чекор напред на нашиот заеднички пат на братство. Неодамна на 4 февруари беше одбележан вториот Меѓународен ден на човечкото братство.

Наградата Зајед, која ја доделува Високиот комитет на човечко братство, ги препознава и наградува напорите на поединци и институции посветени на напредокот на човештвото и промовирањето на мирниот соживот, се вели во пораката на папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот