Папата Фрањо му честиташе на Наполитано за изборот

Ватикан, 22.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо му честиташе на италијанскиот преседател Џорџо Наполитано за неговиот повторен избор. Во телеграма упатена во недела, 21 април Папата ја пофали подготвеноста на Наполитано уште еднаш да биде на располагање на италијанскиот народ како преседател. Светиот Отец му посака на претседателот Наполитано „да продолжи да ја води државата со својата мудрост и со одговорна соработка на сите актери.” На крајот од честитката на папата Фрањо до италијанскиот претседател, Светиот Отец моли за „постојана Божја заштита“ за неговата должност кон државата и народот и упати Апостолски благослов на него и италијанскиот народ, како охрабрување за изградба на заедништво, солидарност и надеж.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<