Папата Фрањо му го честита на почесниот папа Бенедикт XVI јубилејот 70 години свештенство

Папата Фрањо му го честита на почесниот папа Бенедикт XVI јубилејот 70 години свештенство

По повод седумдесет години од ракополагањето на папата Бенедикт XVI, на крајот од молитвата Ангел Господов, на празникот Петар и Павле, 29 јуни 2021 година, папата Фрањо изрази благодарност, блискост и љубов кон него, кого го смета за „татко и брат“.

Годишнина што ги допира срцата на сите нас. Така папата Фрањо на празникот свети Петар и Павле потсети дека на 29 јуни 1951 година, во катедралата во Фрајзинг, почесниот Папа беше ракоположен за свештеник. Важен момент во неговиот живот до ден денес, како што неколку пати изјави почесниот папа Бенедикт XVI.

„На вас, Бенедикте, драги татко и брат, ти искажуваме наклонетост, благодарност и близина. Тој посака да живее во манастир, тука во Ватикан, во контемплативна заедница, да се моли за Црквата. Тој во моментов е молител во Ватикан, посветувајќи му го животот на молитва за Црквата и за Римската епархија, каде е почесен епископ. Ви благодарам Бенедикте, драг татко и брат. Ви благодарам за веродостојното сведоштво. Ви благодарам за вашиот контемплативен поглед, постојано фокусиран на Божјиот хоризонт. Благодарам! “

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот